Мрежа ЖИВО НАСЛЕДСТВО Развој на заедниците преку културните ресурси
”Живо наследство” е програма што има цел да поддржи локални иницијативи за заштита, користење и презентација на културното наследство, како ресурс за одржлив развој на заедниците. Програмата нуди техничка помош, реализира обука, обезбедува грантови за проекти, спроведува кампањи за продлабочување на свеста и поттикнува размена на искуства. По иницијатива на Фондацијата Крал Бодуен (ФКБ) од Белгија, програмата започна во Македонија во 2000 година, а се прошири во Босна и Херцеговина, Романија и Бугарија. Досега, со буџет од 530.000 американски долари (за 2000-2005 година), обезбеден од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и ФКБ, поддржани се 31 проект. Тимовите на проектите на почетокот на 2004 година ја основаа мрежата на живото наследство, со цел да ја популаризираат програмата, своите проекти и локални заедници, да разменуваат искуства и знаења и да соработуваат на различни полиња од заеднички интерес. Мрежата ја раководат Иван Додовски (до септември 2005) и Маријана Иванова од ФИООМ. За развојот на мрежата се грижи советодавна група во состав: Живко Поповски, Цветанка Шундовска, Слободанка Дуева и Катерина Богоева. Мрежата го користи искуството на консултантите и фасилитатори: Франсоа Матарасо (Англија), Вера Дакова (Бугарија), како и Гордан Николов, Игор Славковски, Бардил Марку и Драги Поп Стојанов (Македонија). Принципите и филозофијата на живото наследство се поддржани од референтна група „Пријатели на живото наследство“: Тони Аврамов, Љупчо Анастасов, Кристина Бицева, Аница Горгиева, Александар Кржаловски, Елизабета Конеска, Љупчо Меловски, Јордан Михајловски, Никола Наумов, Ристо Палигора, Љупчо Ристески, Анета Светиева, Сања Фрковиќ, Ида Хрисохо-Лозановски, Бобан Хусеновски, Ване Секулов, Ермис Лафазановски, Ѓорѓи Хаџиев, Томе Трајков, Тина Атанасовска, Сашо Бакрачески, Билјана Милановска, Деспина Кокаланоска, Кирил Чапов, Дончо Николовски, Драган Величковски, Иван Жежовски и Звонко Мајстороски. |