| |
|
Младите од Лешок: Пријателство и традиција
Младите од Лешок имаа потреба од место за собирање и креативно дружење, за поврзување со другите култури и за зближување со своите врсници Албанци, Турци и други националности од соседните села. Во Младинскиот креативен центар, тие ќе се дружат и ќе се запознаат со меѓусебното културно наследство и традиција. повеќе |
|
 |
Момин бунар - повторно вода и радост
Жителите од Топуско маало и еколошкото друштво “Планетум” од Струмица го вратија стариот сјај на Момин Бунар. Тој е повторно место околу кое се собираат старите и младите, а истовремено и водоснабдителен објект. Бунарот ги обнови традиционалните вредности и навики на месното население. повеќе |
|
|
 |
|
На пикник во Лесново
Локалитетот “Борја” во близина на манастирот “Св. Гаврил Лесновски” ќе се облагороди со трева, цвеќе, клупи, информативна табла и ќе биде достојно собиралиште од каде има извонреден поглед на селото, манастирот и драматичната околина, во која доминираат интересните карпи што во себе кријат многу пештери и пештетски цркви. повеќе |
|
 |
Златните раце на ковачите
Ковачите од Берово се уште своите производи ги изработуваат рачно. Тие посакаа да го модернизираат производството и да го пренесат занаетот на помладите. Во соработка со здружението “Романела” од Берово и уметницата Славица Јанешлиева тие го проширија асортиманот на производи од ковано железо, со уметничка и истовремено со употребна вредност. повеќе |
|
|
 |
|
Локув, планинско око на Дешат
Во околината на планинското езеро Локув на планината Дешат, реликт од глацијалната доба, ќе се постават патокази, дрвени маси и клупи и ќе се трасира пешачка патека. Жителите на Ростуше, Требиште, Велебрдо, Битуше и околните села ќе ги повикаат граѓаните од Македонија на завршна манифестација на која ќе го претстават ова “планинско око”, другите природни вредности, но и сопственото културно и традиционално наследство. повеќе |
|
 |
Ѕвегорска сурва
Здружението “Искон” и локалните жители решија на сите да им ги покажат маските и карневалот со кој се гордеат – Ѕвегорската сурва. Група маскирани суроваскари еден ден се појави во центарот на Скопје, предизвикувајќи атракција и воодушевувајќи ги случајните минувачи. повеќе |
|
|
 |
|
Живописниот свет на Јуруците
Јуруците од општина Карбинци (Штипско) ќе го претстават раскошниот свет на бои, орнаменти, вез во срма и свила, својата специфична музика, инструменти и игри. Оваа етничка заедница од турска националност која живее во руралните краишта на Плачковичкиот и Лакавичкиот регион своето раскошно наследство ќе го претстави преку брошура, каталог и изложба во Скопје. повеќе |
|
 |
Купете сувенир од Крушево
Крушево доби простор за одржување изложби, презентации, камерни концерти и други културни настани. Дел од Домот на културата “Наум Наумовски Борче” е реновиран и во него е отворена галерија и сувенирница, прва во Крушево, во која ќе се нудат домашни изработки и занаетчиски производи. повеќе |
|
|
 |
|
Чудесните извори на Мокрино
Изворите во близина на селото Мокрино извираат од корењата на столетните чинари. Овој чудесен феномен на природата жителите го сметаат за свое културно наследство и посакаа да го споделат со другите. Тие го уредија просторот околу изворите и изготвија флаер за нивна популаризација. повеќе |
|
 |
Убавината на различноста
Етничките разлики се наше богатство – порачуваат жените од тетовските села Доброште, Нераште и Теарце. Својата соработка ја изразија преку обнова на ткајачкиот занает. Посетете ги овие села и уверете се дека традицијата ги поврзува луѓето! повеќе |
|
|
 |
|
За среќни младенци
Младенците, сватовите и музичарите на познатата Галичката свадба добија нови автентични носии и музички инструменти, со кои ќе се збогати оваа традиционална манифестација. Дел од носиите и инструментите се продаваат и се изнајмуваат, со што се осигурува самоодржливоста на оваа уникатна манифестација. На Петровден дојдете на Галичка свадба! повеќе |
|
 |
Копаничарите од Бања Банско
Дел од жителите на Заводот за рехабилитација на лица со посебни потреби во Бања Банско ја научија традиционалната копаничарска вештина. Тие организираа продажна изложба во Струмица и во Скопје. Дојдете и погледнете како во дрвото се вдлабува вештината и надежта! повеќе |
|
|
 |
|
Занаетчиски работилници на Пелистер
Во Маловишта повторно се ткае од козина, а се обновуваат копаничарската и ткајачката вештина. Знаењето им се пренесува на младите, со цел занаетите повторно да го афирмираат ова село, единствено во рамките на Националниот парк Пелистер. Дојдете и уживајте во природата и во традиционалното наследство на Маловишта! повеќе |
|
 |
Споменикот на слободата на нова локација
Споменикот на слободата од археолошкиот локалитет Вардарски Рид ќе биде пренесен на нова локација - Мрзенски рид. Тој повторно ќе стане средиште на собирање и одржување културни и други настани за граѓаните од Гевгелија. повеќе |
|
|
 |
|
Варошки панаѓур
Неколку граѓански здруженија и локалните жители го обновија традиционалниот Панаѓур во варош. Побарајте брошура и мапа за да ги посетите културните-историските вредности на Варош: средновековни цркви, Марковите кули, манастирот Св. Архангел Михаил… повеќе |
|
 |
Жени ја пренесуваат традицијата
Жените од струшките села Велешта и Делогожда се важен носител на традицијата, но и на идниот развој. Тие произведоа и продадоа традиционални носии и предмети, а преку две селски веселби го промовираа културното наследство на овој крај. повеќе |
|
|
 |
|
Децата го откриваат Мариово
Во детскиот камп “Итар Пејо” учествуваа 30 деца, на кои постарите жители од Старавина и Градешница со радост им ги покажаа природните и културните убавини на Mариово: средновековни цркви, стари мостови, бистри реки, биено сирење, природен мед, шумски плодови… Откријте го и вие заборавеното Мариово! повеќе |
|
 |
Магијата на грнчарските колца
Грнчарските колца сe уште се вртат во Вранештица. Од нив, речиси на волшебен начин глината се претвора во најразлични облици. Се создаваат ваганки, тави, грниња, дулиња... Мајсторите на древниот занает несебично го пренесуваат знаењето на помладите. Дојдете и почувствувајте ја магијата на глината под сопствените раце! повеќе |
|
|
 |
|
Зелено катче во вулканскиот кратер
Младите од Кратово, град изграден во вулкански кратер, со голем ентузијазам и волонтерски труд, направија зелен парк - место за седенки и културни настани. Тука се ужива во природата, во двата столетни бора и во глетка кон средновековните кули! повеќе |
|
 |
Вевчани - жив музеј
Жителите на Вевчани на различни начини го возобновуваат и го презентираат своето наследство. Оригинални обичаи, карневалските лудории, уживање во прекрасната околина на чудесни извори… За Лазарица, на Ѓурѓовден или на 13 јануари за карневал - бидете во Вевчани - живиот музеј! повеќе |
|
|
 |
|
Денови на културата во Врапчиште
Во Врапчиште, за време на Деновите на културата, луѓето зборуваа на ист јазик – заедништвото. Различните култури од овој крај градат мултиетничката традиција на ора, чочеците, пеливанските борби и многу други доживувања што можат да се видат само во Врапчиште. повеќе |
|
 |
На излет кај Смоларскиот водопад
По патеката што ја изградија жителите на Смолари и општината Ново Село, по стотина скали низ густа шума - искачете се за да му се восхитувате на освежувачката убавина на Смоларскиот водопад! повеќе |
|
|
 |
|
Младите, старите и традицијата
Децата од Кривогаштани ги собираа приказните и традиционалните предмети од постарите. Дел од културно наследство на нивниот крај сега може да го видите во отворената спомен соба во Кривогаштани. повеќе |
|
 |
Мултикултурна Долна Река
Младите од Ростуше, Битуше, Велебрдо и другите села се запознаа меѓусебе истражувајќи ги своите обичаи и носии. Ако отидете во мултикултурна Долна Река, ќе видите како разликите стануваат богатство ! повеќе |
|
|
 |
|
Новата младост на една староградска куќа
Една староградска куќа во Битола, заштитен споменик на културата, е реновирана и претворена во Младински културен центар. Таа е место каде младите можат креативно да го исполнат своето време. Посетете нé на ул. Цар Самоил бр. 29 во Битола! повеќе |
|
 |
Сјајот на скопската чаршија
Како на Старата скопска чаршија да й се врати загубениот сјај? Како во неа повторно да се вратат занаетчиите, посетителите, храната, играта и музиката, живоста? Форумот што се формираше воден со таа идеја, работи и ги поврзува потребите, можностите, плановите и желбите. Бидете и вие дел од новиот живот на старата чаршија! повеќе |
|
|
 |
|
На панаѓур во Порече
Жителите на Растеш, Самоков и околните села, како и занаетчии од други краеви на Македонија ги претставуваат своите мајсторски изработки на традиционалниот Поречки панаѓур. Побарајте туристичка карта и водич или посетете ја веб-страница што ја изработија локалните луѓе во соработка со студентите по етнологија од Скопје. Дојдете! повеќе |
|
 |
Мирот и блажената убавина на Преспа
Селата Стење и Коњско се егзотичниот дел на Преспа. Покрај езерото, кај малата црквичка “Свети Илија” скриена во зеленилото на ендемичните дрвја фоја или по обележаната патека до плажата Лиса - ќе најдете спокој и убавина! повеќе |
|
|
 |
|
Клуб на читатели
Жителите на Бабино Село формираа Клуб на читатели, преку кој се промовираат културата на читање. Библиотеката “Алби” е локална атракција, а во блискиот ресторан ќе најдете домашни специјалитети! повеќе |
|
 |
Блиска средба со Колешинскиот водопад
Колешинскиот водопад восхитува во секое годишно време - лете ќе ве освежи, а зиме ќе ве зачуди со својата замрзната убавина. Сега, до него дојдете лесно и брзо, по патеката што ја изградија локалните жители! повеќе |
|
|
 |
|
Боите од разбоите
Во Русиново сé уште рачно се произведуваат разбои, се преде домашна волна и се ткае на традиционален начин. Чудесни бои и шари излегуваат под вредните раце што ги вртат разнобојните нишки. Побарајте ги боите од разбоите во Русиново! повеќе |
|
 |