КЛУБ НА ЧИТАТЕЛИ

Опис на проектот
Со цел да се шири културата на читање, локалната приватна библиотека организира натпревар на детски литературни творби и народна веселба на која што ќе се презентираат наградите, традиционалните занаети, вештини и традиционалната кујна. Библиотеката ќе се опреми, дел од вредните книги ќе се конзервираат, а фондот ќе се каталогизира и систематизира за да биде полесно достапен до читателите. Преку библиотеката, локалните жители ќе промовираат и дел од традиционалните рачни изработки, како и културата на читање.


Контакт
Клуб на читатели „Алби”, Бабино Село
Стево Степановски, 070/443-539, 047/271272, 02/3117-207


Локација
Бабино Село, југозападна Македонија.


За Бабино Село
Бабино е село во рамките на општината Демир Хисар, оддалечено 45 км од Битола, а 35 км од Кичево, со кои е поврзано со асфалтен пат. Сместено е на двете страни на Мала Река, притока на Црна Река. Се наоѓа на 700 м надморска височина, има блага клима. Селото е познато по библиотеката која ја користат локалните училишта и повисоките институции од Скопје и соседните градови.


Како да дојдете до Бабино Село?
До Бабино Село може да се стигне со автомобил, преку Битола или Кичево. Директна автобуска линија Скопје - Бабино има еднаш во денот (автобусот тргнува во 6 часот наутро од Бабино кон Скопје и во 15.30 часот во обратната насока). Од Битола кон Бабино, автобус сообраќа во 6, 11, 15 и 18 часот, а од Кичево, во 7, 14 и 16 часот.


Каде да преноќите?
За ноќевање можат да се користат хотелот „Младост” од „Б” категорија во Демир Хисар или конаците на манастирот Св. Јован Претеча во село Слепче. Покрената е иницијатива од Институтот за земјоделство и технологија на храна, чиешто седиште ќе биде во соседното село Сопотница, за адаптирање на селски куќи за приватно сместување во селата Бабино, Базерник и Велмевци, како пилот-проект.


Локални специфики
Богатството на растителен свет и автохтони сорти: малина, магарешки сливи, боровинки, цреши, вишни и други, лековитите мајчина душица, мов и камилица, е едно од локалните обележја. Во селото љубезните локални жители ќе ви понудат повеќе специјалитети: зелник од праз печен под вршник, бакрданик со пршки, суви пиперки на различни начини, печено месо на жар во земја, речна пастрмка, кисела зелка со буковка и многу други. Дел од овие специјалитети можат да се пробаат во блискиот ресторан со рибник. Локалното население е вешто во обработка на дрво, ткаење, везење и други традиционални вештини. Во самото село се наоѓа рибник со ресторан, каде што можете да пробате вкусни специјалитети од риба, но и пити, салати и други видови традиционални јадења.


Што можете да видите во околината?
Демирхисарскиот крај е познат низ историјата по Слепченскиот книжевен и сликарско-резбарски центар во чиј состав се наоѓаат манастирите Св. Никола Топлички, во близина на Бабино, и Св. Антониј Александриски, крај блиското село Журче. Во Демир Хисар може да се погледне споменикот на фрескоживописот од 16 - 17 век.





Внесете го терминот што го барате и кликнете на "Пребарувај"

Go Macedonia
Metamorphosis
Mango Online
Skola za demokratija
NGO's Support Centers
NVO infocenter
Gragjanski svet
Eko Net
Website of Reka region
Blesok
FIOOM

FOSI Macedonia - all rights reserved