Опис на проектот
Здружението “Искон” и локалните жители решија на сите да им ги покажат маските и карневалот со кој се гордеат – Ѕвегорската сурва. Група маскирани суроваскари еден ден се појави во центарот на Скопје, предизвикувајќи атракција и воодушевувајќи ги случајните минувачи. Ѕвегорската сурва, но и останатото културно наследство на ова делчевско село ќе се претстави и преку постер и флаер.


Контакт
Здружение “Искон”, село Ѕвегор, Делчевско
zg_iskon@yahoo.com

Гоце Јаневски
033/436-096; 070/615-940
gjanevskifilos@yahoo.com

Горан Стојчевски
033/436-043; 070/500-098


Локација
Село Ѕвегор, Делчевско, источна Македонија


За Ѕвегор
Ѕвегор е село во непосредна близина на граничниот премин Македонија-Бугарија кај Делчево. Како населено место датира уште од праисторијата. Селото е урбанизирано, а луѓето се уште ги негуваат старите занаети (бочварство, изработка на музички инструменти, везење и други).


Како да дојдете до Ѕвегор?
Ѕвегор е во непосредна близина (растојание од 2 километри) на Делчево, кое пак од Скопје е оддалечено 173 километри, на меѓународниот пат Делчево-Благоевград. До Делчево има редовна автобуска линија од Скопје другите градови, а оттаму до Ѕвегор може да се дојде со такси.


Каде да преноќите?
Во самото село во текот на целата година да се сместат 25 лица во приватни сместувачки капацитети. Во Делчево има неколку туристички објекти кои работат постојано или за време на различни сезони: хотелите „Македонија, „Кула”, „Гранит”, мотелот „Коми Калај”, како и одморалиштето на планината Голак. Сместување може да се најде и во неколку други одморалишта (Делчево Табак, Технозавод Трејд Унион и Фротирка).


Локални специфики
Секако, најавтентична специфика на Ѕвегор е сурвата – карневал со маски, кој се организира секоја година на 14 јануари. Карневалот се одвива дење, а навечер сите жители прославуваат на заедничка веселба. Интересен обичај се и покладите – на почетокот на велигденските пости, се палат големи огнови, а посетителите можат да се вклучат во традиционалното „фрлање главни”.
Во Ѕвегор посетете го Методи Златков, еден од ретките изработувачи на народни инструменти во Македонија, и слушнете како свири на гајда или кавал. Во селото работи и бочвар, а жените ткаат волнени производи и везат со монистра. Посетителите треба да ја вкусат пијанечката кујна, чии специјалитети се: качамак со кисело млеко, зелник, баница со свински црева (се подготвува традиционално за Ѕвегорската сурва).


Што можете да видите во околината?
Во близина се наоѓаат локалитетите Скокото од предисторискиот период, како и Градиште на кој првично се откриени археолошки слоеви од 3-6 век од новата ера. Посетете ги и пијанечките цркви во селата Драмче, Истевник, Селник и локалитетот Кукуље во Нов Истевник.
Мошне интереснен природен локалитет е Илин Камен, за кој локалните луѓе веруваат дека има исцелиелска моќ. Во близина на Ѕвегор, по течението на Ѕвегорска река, се уште се активни неколку воденици.

 

 





Внесете го терминот што го барате и кликнете на "Пребарувај"

Go Macedonia
Metamorphosis
Mango Online
Skola za demokratija
NGO's Support Centers
NVO infocenter
Gragjanski svet
Eko Net
Website of Reka region
Blesok
FIOOM

FOSI Macedonia - all rights reserved