УБАВИНАТА НА РАЗЛИЧНОСТА

Опис на проектот
Жените од Доброште, Нераште и Теарце посетија курс за ткаење и научија како да изработат традиционални производи: престилки, прекривачи, килими. Тие се дружеа и работеа, а тоа ги зближи жените и семејствата од различни етнички групи. Изработените предмети беа презентирани на изложба во селото, а жените покажаа дел од техниката, седнувајќи на разбојот. Курсот значеше и промовирање на еколошката култура, бидејќи поголемиот дел од материјалите беа текстилни отпадоци добиени од блиската фабрика.


Контакт
Здружение на жени „Гонџе”, Тетово, Линдита Kадриу, 070/635-107, 044/341-732
lindita_kadriu2002@yahoo.com


Локација
Доброште, Тетовско, сецерозападна Македонија


За Доброште
Селото Доброште е 15 км оддалечено од Тетово. Сместено е на надморска височина од 500 м. Има 5.000 жители, од кои 5% се од македонско,а останатите од албанско потекло. Во селото има основно училиште и спортски терени изградени од странска хуманитарна помош.
Свежиот шарпланински воздух (и во најголемите летни горештини, дувка ветер, а ноќе надвор не се седи без џемпер), бујното зеленило, тишината што успокојува, испрекината со извиците што ги испуштаат животните што ги има секоја куќа: крави, кокошки, кучиња, се дел од специфичната атмосфера на Доброште.


Како да дојдете до Доброште?
До селото можете да стигнете со возило по асфалтираниот пат. Автобус од Тетово сообраќа , но комуникацијата е мошне олеснета благодарение на приватните комбиња што поаѓаат секои 10 - 15 минути од местото наречено “Поток”, до музичкото училиште, во непосредна близина на центарот на Тетово.


Каде да преноќите?
На самиот влез на соседното село Нераште има мотел, а може да се преноќи и во мотелот „Берлин” во блиското село Пршовце. Секако, можете да преноќите и во некој од повеќето хотели во градот Тетово.


Локални специфики
Да споменеме само дел од специјалитетите на овие краишта: фли-редена пита во комбинација со домашен јогурт, како и познатиот тетовски грав со доста сув пипер, баклава со ореви... Уште некои специјалитети може да пробате во ресторанот „Принц” и ресторанот со сопствен рибник во непосредното соседство, во селото Одри, сместен под густи крошни дрвја во близина на брз поток.


Што можете да видите во околината?
Дел од локалната историја, според турски извори, датира од 1453 година. Посетете ја џамијата стара околу 350 години и црквата со интересна градба. Од вкупно пет, моментно има само една добро сочувана воденица, која сé уште работи, отсликувајќи дел од минатите времиња.





Внесете го терминот што го барате и кликнете на "Пребарувај"

Go Macedonia
Metamorphosis
Mango Online
Skola za demokratija
NGO's Support Centers
NVO infocenter
Gragjanski svet
Eko Net
Website of Reka region
Blesok
FIOOM

FOSI Macedonia - all rights reserved