ВАРОШКИ ПАНАЃУР

Опис на проектот
Панаѓур, изработка на културен водич и мапа за Варош, веб-страница и културна агенда (вајарска колонија, камп-недела на невладини организации од областа на културата и уметноста, ревија на филм, концерти, трибини, екскурзија со посета на средновековните сакрални објекти во Варош, екскурзија на Маркови кули, настап на КУД) – тоа се активности спроведени во рамките на проектот „Стар град, културна гордост, традиција, панаѓур” во Варош. Жителите формираа иницијативен одбор за афирмација и развој на културниот туризам во Варош.


Контакт
Форум за авангардна креативност Кеј 1 Мај бр. 64, 7500 Прилеп
Гоце Бојкоски, 048/401-480, 070/604-646, fak2@list.ru


Локација
Варош, Прилеп, јужна Македонија


За Варош
Варош и Маркови кули претставуваат неделива целина. Варош е локалитетот каде што се наоѓал средновековен Прилеп (се развил во 10 - 11 век), за што сведочат спомениците и богатиот археолошки материјал. Бил богат главен град и епископско седиште на кралството на Волкашин и на неговиот син Марко. Во Варош постоеле 77 цркви, од коишто некои се сочувани или откриени со археолошки истражувања. Од сочуваните цркви и манастири денес можат да се посетат: Св. Димитрија, Св. Никола, Св. Петар, Св. Богородица Пречиста, Св. Атанасие, манастирската црква Св. Архангел Михаил и манастирот Трескавец. На местото Маркови кули постоела фортификација од хеленистичко време. Таа е еден од најдобро сочуваните средновековни споменици во Македонија и една од најголемите тврдини на Балканот. На Поитингеровата карта на ова место стои античката населба Керамиа, која постоела и во римскиот период.
Денес Варош претставува составен дел од Прилеп. Тука секоја година се организира најстарата традиционална ликовна колонија во Македонија со меѓународно учество.


Како да дојдете до Варош?
Од Скопје до Прилеп може да се стигне со автомобил (135 км), со автобус, кој сообраќа во 10.00, 13.00, 14.00 и 18.00 часот, или пак со воз кој сообраќа во 6.00, 14.30, 18.48 и 23.20 часот.
Од Охрид кон Прилеп може исто така да се дојде со автомобил (125 км) или со автобус со следниов возен ред: во 13.30 и 15.30 часот.


Каде да преноќите?
Во Варош постои можност за приватно сместување. Во близината се наоѓа хотелот “Кристал Палас” (ул. Ленин бр. 184, со можност за семинари и состаноци, со базен и ресторан со интернационална кујна).


Локални специфики
Ресторан кој е обележје на Прилеп и кој се наоѓа во центарот на градот е „Македонска куќа”. Таму може да се пробаат локални специјалитети – меѓу кои прилепскиот ширден.


Што можете да видите во околината?
Секако треба да се посети античкиот град Стибера, познат како „Македонска Помпеја”. Во самиот Прилеп, треба да се разгледа старата чаршија, од 17 - 19 век, со Саат-кулата, старите дуќани и други знаменитости; споменикот наречен Могила на непобедените – сведоштво на херојското учество на Прилеп во народноослободителната борба во Втората светска војна; прилепскиот музеј со археолошка, историска и секција посветена на востанието за време на Втората светска војна и збирката од околу 200 икони од 16 - 19 век, како и Музејот на тутунот, посветен на долгата традиција на производството и пушењето тутун во прилепскиот регион.






Внесете го терминот што го барате и кликнете на "Пребарувај"

Go Macedonia
Metamorphosis
Mango Online
Skola za demokratija
NGO's Support Centers
NVO infocenter
Gragjanski svet
Eko Net
Website of Reka region
Blesok
FIOOM

FOSI Macedonia - all rights reserved