МАГИЈАТА НА ГРНЧАРСКИТЕ КОЛЦА

Опис на проектот
Десетина млади луѓе од Вранештица научија како да ги изработуваат традиционалните грнчарски производи, со помош на трите нови ножни грнчарски колца и старинската грнчарска фурна. Во рамките на проектот „Да се сочува грнчарскиот занает во село Вранештица“, локалните мајстори своето знаење им го пренесоа на младите. Грнчарите воведоа нова технологија за подготвување глазура (секој од нив доби сертификат за исправноста на производите од Републичкиот завод за здравствена заштита), организираа еднодневна изложба во Скопје и изготвија пропаганден материјал и веб-страница.


Контакт
Здружение на граѓани “Грнчар”, Вранештица
Митре Божинов, 045/284-046
http://www.vranestica-grncar.org


Локација
Вранештица, Кичевско, западна Македонија


За Вранештица
Вранештица се наоѓа во крајниот јужен дел на Кичевската Котлина. Од Кичево е оддалечено 12 км. Тоа е ридско село, на надморска височина од 660 метри. Во него работи осмогодишно училиште, има дом на култура, споменик од НОБ, продавници, фабрика за тули. Во селото има неколку средновековни споменици - црквите Св. Ѓорѓи, Св. Никола и Св. Илија.


Како да дојдете до Вранештица?
За Вранештица треба да свртите лево од патот Кичево - Демир Хисар. Секои два часа има организиран автобуски превоз од Кичево. До Кичево, пак, се стигнува од секоја автобуска постојка на релацијата Скопје – Охрид или Скопје – Прилеп. Од Скопје кон Кичево автобуска врска има речиси секој час, а од Охрид кон Кичево во 7.00, 11,00, 14.00 и 17.00 часот.


Каде да преноќите?
Посетителите можат да преноќат во хотелите „Унион“ и „Кичево“, во Кичево и во мотелот „Бисер“ во Крушино, во непосредна близина на Кичево.


Локални специфики
Вранештица е најголемата грнчарска заедница во Македонија. Грнчарскотo производство е најголемата специфичност на ова село. Насекаде ќе видите грнчиња, стомни, саксии и други производи како се сушат или се печат во големите ѕидани печки. Секако, во ова село се приготвуваат извонредни јадења во глинените производи – питулици, кисело млеко, бакрдан, гравче-тавче, ѓувеч и други.


Што можете да видите во околината?
Во близина на Вранештица се наоѓа градот Кичево, манастирот Света Богородица Пречиста, локалитетот Крушино каде што можете да уживате во прошетките низ бујната шума и во специјалитетите на ресторанот во истоимениот мотел.





Внесете го терминот што го барате и кликнете на "Пребарувај"

Go Macedonia
Metamorphosis
Mango Online
Skola za demokratija
NGO's Support Centers
NVO infocenter
Gragjanski svet
Eko Net
Website of Reka region
Blesok
FIOOM

FOSI Macedonia - all rights reserved