ВЕВЧАНИ - ЖИВ МУЗЕЈ

Опис на проектот
Карневалот, лазарско-ѓурѓовденските обичаи и песни и Вевчанските Извори се само дел од културното и природното наследство коешто беше претставено преку проектот „Вевчани – жив музеј”. Проектот имаше цел да ги зајаке капацитетите на традиционалната култура за да ги пресретне и координира туристичките интереси на населбата. Беа организирани три изложби на фотографии од Карневалот, се издаде водич за светилиштата од овој крај и беше организирана изложба на ракотворби во Вевчани. Објавена е и веб-страница.


Контакт
КУД Дримкол, Вевчани
Тошо Чочороски, 070/597-076
www.kud-drimkol.org.mk


Локација
Село Вевчани, Струшко, југозападна Македонија


За Вевчани
Вевчани се наоѓа во подножјто на планината Јабланица, 14 километри оддалечено од Охридското Езеро и градот Струга. Има преку 2.500 жители и своја локална самоуправа. Својата перспектива ја гледа во развојот на туризмот.


Како да дојдете до Вевчани?
До Вевчани може да се стигне со автобус или друго возило. До него води асфалтен пат, а најблизок град е Струга, оддалечен 14 км. Има директна автобуска линија од Скопје, што сообраќа секој ден, освен во недела и празник.


Каде да преноќите?
Сместувањето на поголеми туристички групи се врши во хотелските капацитети во Струга, а за поединци и помали групи, во приватни куќи во Вевчани. Во населбата има 8 угостителски локали каде што гостите можат да се освежат и да добијат храна.


Локални специфики
Вевчанци се познати како врвни мајстори-градители, што се гледа и од самата архитектура во селото. Љубителите на македонската кујна и автентичниот амбиент, бездруго, треба да го посетат ресторанот „Домаќинска куќа”, во кој се приготвува традиционална кујна. Вевчани, неизоставно, треба да се посети за време на Карневалот, но и за врема на лазарско-ѓурѓовденските обичаи. Но, не заборавајте да побарате вевчански „пасош” и да смените вевчанска „валута”.


Што можете да видите во околината?
Секако, посетете ги Вевчанските Извори - едни од најраскошните и најубавите во Македонија. За љубителите на планинскиот туризам се организираат и излети со посебен локален водич. Освен во летниот период, Вевчани е атрактивно и во зимскиот период, особено за време на Василица, 13 - 14 јануари, како и за водогорските празници (19 јануари). Исто така, гостите можат да ги посетат и вевчанските светилишта, меѓу кои е црквата Св. Никола (19 век), трите параклиси во локалитетот на Вевчанските Извори и другите во околината на Вевчани.





Внесете го терминот што го барате и кликнете на "Пребарувај"

Go Macedonia
Metamorphosis
Mango Online
Skola za demokratija
NGO's Support Centers
NVO infocenter
Gragjanski svet
Eko Net
Website of Reka region
Blesok
FIOOM

FOSI Macedonia - all rights reserved