ДЕНОВИ НА КУЛТУРАТА ВО ВРAПЧИШТЕ

Опис на проектот
Идејата за проектот „Културни денови на Врапчиште” беше покрената од страна на млади ентузијасти од Врапчиште кои го почуствуваа недостатокот од културни случувања во овој регион. Целта беше зајакнување на меѓуетничкото разбирање преку вреднување на локалните културни богаства и поттик за социо-економскиот развој. Отворен е етно-музеј во просториите на локалната самоуправа, а беа организирани повеќе активности - културен фестивал, натпревар на пеливани, беше претставена традиционалната кујна, дефиле на народни носии и изложба на ракотворби, беше испечатен пропаганден материјал и книгата „Врапчиште низ историјата” и се организираше трибина на тема „Живо Наследство”.


Контакт
Здружение „Милениум”, Врапчиште, 042/332-326, mngo@post.com,
Алинадир Карабатак, 070/582-338


Локација
Врапчиште, Гостиварско, северозападна Македонијa


За Врапчиште
Врапчиште се наоѓа на северозападниот дел на Република Македонија, на 580 метри надморска височина. Лоциран е помеѓу градовите Тетово и Гостивар, во Полошката Котлина. Врапчиште со бројот на своите жители и со својата инфраструктура сè повеќе наликува на мало модерно гратче.


Како да дојдете до Врапчиште?
До Врапчиште се доаѓа преку автопат Скопје – Тетово - Гостивар, со автомобил (од Скопје се стигнува за 45 минути). На автопатот има патоказ кон Врапчиште, од каде што селото е оддалечено три километри. Автобус од Скопје до Гостивар има секој час (билетот чини 160 денари). Од Гостивар до Врапчиште нема превоз, па се користи такси (такси-возило чини околу 100 денари, а комби-такси 30 денари).


Каде да преноќите?
Во Врапчиште нема хотел или мотел. Посетителите можат да се сместат во некој од хотелите во Гостивар.


Локални специфики
Во Врапчиште посетете некоја од ќебапчилниците, каде што можете да ги пробате вкусните специјалитети на скара. Кафулињата и слаткарници се надалеку прочуени со своите слатки и сладоледи. Може да се посетат и интересните џамии во селото, а околната природа нуди можност за прошетки и пикници.


Што можете да видите во околината?
Веднаш по излезот од автопатот Скопје – Тетово - Гостивар се наоѓа излетничкото место „Чифлик”, со новоотворен ресторан којшто нуди локални специјалитети. Може да се посетат градовите Гостивар и Тетово коишто имаат повеќе познати културни локалитети и објекти.





Внесете го терминот што го барате и кликнете на "Пребарувај"

Go Macedonia
Metamorphosis
Mango Online
Skola za demokratija
NGO's Support Centers
NVO infocenter
Gragjanski svet
Eko Net
Website of Reka region
Blesok
FIOOM

FOSI Macedonia - all rights reserved